Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев” од Куманово од 22-ри до 25-ти јуни настапи на Меѓународен Собир на културно творештво во Косовска Митровица.
Loading...
На собирот настапија културно уметнички друштва од Требиње, Подгорица, Белград, Ужице, Софија, Звечан, Бање и Косовска Митровица. КУД Панче Пешев по втор пат е севкупен победник на фестивалот. Се закити со гранд при, прво место за најдобро културно уметничко друштво како и Диплома за најдобар орекестар. На друштвото му беше доделено и фестивалското знаме во трајна сопственост.
Наградата сведочи дека КУД „Панче Пешев“ и понатаму на достоен начин го негува и презентира македонскиот фолклор и традиција, изјави Мирослав Крстевски, претседател на друштвото.
Loading...
Оваа година ќе земе учество на уште неколку меѓународни фестивали меѓу кои издвојуваме: Меѓународен Фолклорен Фестивал во Аленсон (Франција) и Меѓународен Фестивал “Илинденски Денови” во Битола. Во Франција ќе биде гост на Македонската Црковна Општина Св. Кирил и Методи во градот Париз.
Оваа година друштвото одлучи да организира меѓународна ревија на фолклорни ансамбли, со поддршка на Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане. Смотрата ќе се одржи на 29-ти и 30-ти Јуни, а ќе земат учество фолклорни ансамбли од републиката и од странство.