Граната фрлена во двор во кумановско

Сподели со своите пријатели

Неескплодирана граната била пронајдена фрлена во двор во куќа во кумановското село Романовце.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, до нив стигнала пријава дека во двор на куќа чии сопственици се во Швајцарија била пронајдена фрлена бомба.

– Настанот го пријавил зетот на сопствениците, потенцираат од ЦУК.

Оттаму веднаш го известиле Секторот за внатрешни работи Куманово, за безбедносна постапка.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По 4. пат протест пред УЈП Куманово против двојно оданочување на странските плати (ВИДЕО)