Грамофонските плочи ги надминуваат продадените ЦД-а во САД

Сподели со своите пријатели

Продажбата на плочи ја надмина продажбата на ЦД-а во САД за прв пат од 1987 година.

Loading...

Според извештајот на Здружението на индустријата за снимање на Америка (RIAA), во 2022 година биле продадени нешто повеќе од 41 милион плочи во износ од 1,2 милијарди долари (околу 2,1 милијарди конвертибилни марки), додека само 33 милиони ЦД-а биле продадени во вредност од 483 милиони долари (876 милиони конвертибилни марки).

Минатогодишната продажба на плочи покажува дека плочата ја „цементира својата улога како составен дел на современиот музички пазар“, рече претседателот и извршен директор на RIAA, Мич Глезиер.

Тоа беше 16-та последователна година на раст на продажбата на винилни плочи, кои сочинуваат околу 71 отсто од приходите од физичкиот формат.

Приходите од снимена музика во САД се зголемија седма година по ред и достигнаа рекордни 15,9 милијарди долари.

Севкупно, приходите од снимена музика во 2022 година пораснале за шест отсто според извештајот. а тоа е главно благодарение на стриминг, но и продажбата на физички музички формат.