Шефот на Комесаријатот за човекови права на Обединетите нации, Мишел Бачелет изјави дека граѓанската војна во Етиопија била обележана со „екстремна бруталност“.
Според неа, истрагата за наводните кривични дела покажала дека сите страни се одговорни за злоупотребата.
Истрагата на УНХЦР беше отежната од заплашувањата и ограничувањата од страна на властите во Адис Абеба, поради што истражителите не посетија некои од локациите кои најмногу настрадаа за време на вооружените конфликти, пренесува АП.
Извештајот, кој произлезе како резултат на спорадичната соработка на УНХРЦ со етиопската комисија за човекови права, формирана од владата, беше објавен ден пред годишнината од избувнувањето на конфликтот меѓу владата на Адис Абеба и Народноослободителниот фронт Тигра (НОФТ ) бунтовници.
Илјадници луѓе беа убиени во конфликтот, а преживеаните сведочат дека војната била придружена со групни силувања, гладување и масовни протерувања.