Граѓаните на протест во 18 часот: Правда за Мартин Нешкоски

Loading...
Сподели со своите пријатели

По објавувањето на денешната 29.бомба на лидерот на СДСМ Зоран Заев за убиството на младиот Мартин Нешковски, граѓаните на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, револтирани од содржината на разговорите, повикуваат на протести во 18:00 часот пред Владата.

 “Она што со месеци го извикувавме на улица секој ден во шест, снимките (https://www.youtube.com/watch?v=eZAs1c6eM8I) само го докажаа и уште повеќе, не само до Министерката за внатрешни работи, туку замешаноста во овој случај се протега од парамилитарни структури до премиерот на државата. А притоа, правдата за Мартин Нешковски никогаш не беше задоволена”, стои во соопштението на социјалната мрежа Фејсбук.

Се гледаме на улица, напишаа младите на Фејсбук групата ”Стоп за полициска бруталност”

Leave a Reply