„Графити фест“ утре по петти пат ќе се одржи во Куманово во организација на здружението „Форма“.
Loading...
Дваесетина уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Турција и Словенија ќе творат на потпорниот ѕид на улцата „Лесковачка“ во населбата Гоце Делчев со почеток во 10 часот.
Освен цртање настанот ќе биде збогатен и со штаднови со пијалаци за освежување и ди-џеј кој ќе ги забавува сите кои ќе одлучат да го проследат настанот.