Градскиот парк во Куманово лоциран кај автобуската станица, деновиве светна во ново руво, откако беше реконструиран.
– Кумановскиот зелен градски парк во ново руво, со нови велосипедски и трим патеки, ново спортско игралиште и нова урбана опрема, информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
Претходно беа поставени нови клупи и канти за смет на новоизградената пешачка патека на кејот на река Липковка.
Никола Ивановски