Затворениот градски базен кој се очекува да биде пуштен во употреба во пролетните месеци полека, но сигурно го добива и внатрешниот современ лик.
Фотографијата која пред малку на социјалните мрежи ја сподели претседателот на ОО на СДСМ – Куманово, Мартин Костовски покажува како изгледа моментално внатрешноста на овој проект кој младите кумановци со нетрпение го исчекуваат да биде реализиран.