Вклучувајќи повеќе фактори, анализирани се 10 големи градови…
Според новите истражувања, Амстердам, Холандија е прогласен за најпријателски туристички град во светот.
Истражувањето било спроведено од агенцијата Authentic Vacations, која анализирала 10 големи градови и вклучиле фактори како што се близина до градските аеродроми, квалитетот на локалниот аеродром, целокупното задоволство од дестинацијата, владеењето на англискиот јазик, достапноста на сместување и безбедноста.
Резултатот бил дека Амстердам претставува „прекрасен градски одмор“.
Iма многу интересни места за посета, како и многу работи што можат да се прават на дневна основа – од посета на музеи до незадолжителна прошетка низ каналите.
Кога сонцето заоѓа, рестораните, баровите и клубовите оживуваат, а атмосферата е пријателска. Луѓето се срдечни и љубезни.
Ова е списокот на најпријателските туристички градови во светот:
1. Амстердам
2. Виена
3. Дубаи
4. Лондон
5. Копенхаген
6. Њујорк
7. Берлин
8. Сиднеј
9. Хонг Конг
10. Ванкувер