Како и секоја година, градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски во придружба со Дедо Мраз го посети Детското одделение при Општа болница – Куманово.
Градоначаникот им ја честиташе Новата година на околу 40 дечиња и со новогодишни пакетчиња им посака побрзо оздравување.
Ова е моја матична установа во која работев работев повеќе од 25 години, посетивме и поделивме околу 40 пакетчиња на деца кои што се хоспитализирани и се во дневна болница, и оставивме пакетчиња за децата кои што во текот на денот ќе дојдат на детското одделение заради примање на некоја терапија. Од име на општината и од мое лично име посакувам успех на детското одделние кое што има добар персонал со години, за разлика од другите одделенија детското оддеелние не се осипа, успеа да одржи еден релативен кадровски баланс и на тој го задржа дигнитетот, се надевам дека ќе имаат успеси и во 2017-та година – рече Дамјановски.

