Градоначалникот на Виена: Укинувањето на мерките беше грешка

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, посочува дека одлуката на австриската влада да ги откаже речиси сите епидемиолошки мерки е грешка и најави дека главниот град ќе продолжи со построг тек.

Loading...

„Бројот на новозаразени достигна апсолутно рекордно ниво. Укинувањето на мерките беше грешка. Секогаш предупредувавме на тоа“, напиша Лудвиг на Твитер.

Тој побара од новиот министер за здравство Јоханес Рауч да дејствува.

 

Околу 77 отсто од Австријците се имуни на сојот омикрон

 

„Побарав од новиот министер сериозно да размисли за големиот број новозаразени и за настанатата многу тешка ситуација“, рече Лудвиг.

Лудвиг, исто така, ја критикуваше владината одлука за привремено прекинување на примената на Законот за задолжителна вакцинација.

Loading...

„Може да се воведе задолжителна вакцинација, но не мора да се воведе. Н, што прави владата сега не доаѓа предвид“, подвлече тој во изјавата.