Сегашниот градоначалник на Москва Сергеј Собјанин освои 76,39 отсто од гласовите на изборите во руската престолнина по пребројувањето на гласачките ливчиња на сите избирачки места, соопшти руската Централна изборна комисија.
За Собјанин гласале 2.499.114 гласачи.
Гласаа околу 3,3 милиони луѓе
Леонид Зјуганов, кандидатот на Комунистичката партија, освои 8,11 отсто од гласовите, пред Борис Чернишов од ЛДПР со 5,61 отсто и Владислав Даванков од Новата народна партија со 5,34 отсто.
Дмитриј Гусев (Праведна Русија – Патриоти – За волја на вистината) доби 3,93%, пишува државната новинска агенција Тасс.
Претседателката на Московската градска изборна комисија, Олга Кирилова, претходно изјави дека во гласањето учествувале околу 3,3 милиони луѓе и дека дури 2,7 милиони московјани гласале преку интернет.