Градоначалникот на Општина Куманово денеска упати телеграма со сочувство до семејството на полицискиот службеник Виктор Цветковски кој викендов смртно страдаше во сообраќајна незгода што ја предизвика пијан возач.
Loading...
„Почитувано семејство Цветковски,
Неизмерна е болката и тагата и нема зборови кои можат да Ве утешат во овие моменти. Со длабоко жалење ја примив веста за тешката сообраќајна незгода и трагичната смрт на еден млад
човек. Во овие тешки моменти за Вас и Вашето семејство, сакам да Ви изразам искрено сочувство за загубата на нашиот сограѓанин, професионалец во својата работа, син, сопруг и татко.
Нека почива во мир.“, стои во телеграмата.