Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, се огласи на Твитер по експлозиите што рано утринава одекнаа во центарот на тој град.
Кличко заедно со фотографија од местото на настанот напиша дека според првичните податоци три лица се повредени, дека куќата гори и дека се заканува уништување.
„Според првичните податоци, три лица се повредени, од кои едното во критична состојба, од остатоци од ракета во станбена зграда на улица Кошице бр.7-А. Брза помош ги носи луѓето во болница. На лице место работат сите служби за итна помош. Куќата гори, се заканува уништување“, напиша Кличко.
⚡️ За попередніми даними, троє поранених, один з них у важкому стані, внаслідок потрапляння уламків ракети у житловий будинок на вулиці Кошиця, 7-А.
Швидкі везуть людей у лікарні.
На місці працюють всі аварійно-рятувальні служби.
Будинок палає, є загроза руйнування. pic.twitter.com/Cu0Wn4Tp6J— Віталій Кличко (@Vitaliy_Klychko) February 25, 2022
Претходно Кличко објави онлајн брифинг за ситуацијата во Киев.
„Онлајн брифинг на градоначалникот на Киев Виталиј Кличко за ситуацијата во главниот град во врска со агресијата на руските војници“, напиша градоначалникот на главниот град на Украина.
А пред тоа објави дека Киев е во вонредна состојба.
„Киев е во вонредна состојба – оперативниот штаб на главниот град објави серија одлуки во врска со агресијата“, рече Кличко.
Да потсетиме, силни експлозии одекнаа рано утринава во центарот на Киев, а властите наведуваат дека најмалку три лица се повредени ден по почетокот на руската инвазија на Украина, пренесуваат агенциите.
Київ в умовах воєнного стану — оперативний штаб столиці оголосив низку рішень в зв’язку з агресією pic.twitter.com/Kgv1D9kfLy
— Віталій Кличко (@Vitaliy_Klychko) February 24, 2022
Градската управа на главниот град на Украина, Киев, утринава најави воздушна опасност.
„Внимание, ова не е вежба. Прогласена е воздушна опасност! Кога ќе ги слушнете сирените, веднаш одете во најблиското засолниште“, се вели во соопштението на градската управа што го пренесе агенцијата Интерфакс Украина.