Градоначалникот на Херсон, Ихор Колихајев, изјави за Си-Ен-Ен дека градот повеќе нема оружје за да им се спротивстави на руските сили кои го опколија градот.
– Жителите на Херсон се невооружени. Веќе немаме оружје за да се спротивставиме, да пружиме вооружен отпор – изјави тој за Џон Берман од Си-Ен-Ен.
Путин: Западните санкции против Русија се слични на објавување војна
– Немаме војска во градот. Армијата е поразена. Украинската армија мораше да се повлече, нема оружје. Се повлекоа кон Николајев“, продолжи тој.
Колихаев рече дека руските трупи ќе го окупираат Херсон доколку „украинската армија не може да напредува кон Херсон“, додавајќи дека руските сили се доста логорирани.
„Руските трупи се насекаде“, додаде тој.
Путин: Западните санкции против Русија се слични на објавување војна
Колихаев рече дека животот продолжува, но не функционираат сите градски служби. Апелираше и за хуманитарна помош: „Градот е без струја и вода“.
Херсон е стратешки важен град на влезот во Црното Море со речиси 300.000 жители.