Градоначалникот на Братислава: Не сакаме напад од неонацистите во градот

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Братислава, Матуш Вало, денеска го поздрави покренувањето на кривична постапка против членовите на неонацистичката група кои извршија случајни напади врз минувачи во главниот град на Словачка.

Loading...

Вало оцени дека Словачка на многу начини се вратила во минатото и нагласи дека не сака да ги гледа „1990-тите на градските улици“, пренесе ТАСР.

„Нашата генерација е претепана од неонацистите, и ние ќе дадеме се од себе барем да ги поштедиме нашите деца од ова“, напиша тој на социјалните мрежи.

Според пишувањата на медиумите, членовите на оваа група главно напаѓале припадници на етничките малцинства и извршиле незаконски дејствија на повеќе локации, вклучително и во Братислава, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медицинска сестра тверка и се снима над главите на инвалиди! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Со нападите се занимава и регионалното обвинителство во Братислава, наведува словачката агенција.