Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски упатува честитки до сите граѓани од исламска веросповед по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам.
„Почитувани сограѓани, дозволете ми од мое лично име и од име на општината да Ви го честитам големиот и свет празник Рамазан бајрам на сите што го празнувате.
Посакувам претстојните празнични денови да ги поминете со вашите најблиски, во добро здравје, спокој, радост, слога и хармонија.
Овој празник не потсетува дека заедништвото, солидарноста и меѓусебната почит се вредностите коишто сите ние треба да ги негуваме.
Како општина продолжуваме да градиме еднакво општество за сите граѓани во коешто подобро ќе се живее, а младите лица ќе имаат просперитет и поубава иднина. Честит Рамазан бајрам“, се вели во честитката на Димитриевски.