Градоначалникот Димитриевски ги посети фирмите за зимско одржување на градот (фото)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска со претставници од локалната самоуправа ги посети фирмите задолжени за зимско одржување на градот.

 

 

Како што се наведува од Одделението за информирање и односи со јавност при Општина Куманово, при посетата било констатирано дека во двете фирми се направени последните подготовки за успешно справување со зимските временски услови. Набавени се потребните колични на сол и ризла, а подготвена е и соодветната механизација.