Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски вечерва ќе ја отвори втората сезона од дебатната емисија „Став“ која се емитува на телевизија „Плус“ со почеток во 20 часот.
Домаќин е Снежа Петковска која со првиот човек на Куманово ќе разговара за најактуелните прашања: кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, инфраструктурни проекти кои ги засегаат граѓаните, актуелната политичка состојба и обвинувањата од локалната опозиција, но и за аспирациите на актуелниот градоначалник од претстојните парламентарни и локални избори.

