Градоначалникот Дамјановски однесе нова техничка помош во Сингелиќ (фото)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски денеска беше во посета на поплавените жители во населба „Сингелиќ“.

 

DSC_0464

 

Општина Куманово донираше механизација која ќе послужи во расчистување на теренот по саботните поплави кои го зафатија скопскиот регион.

 

DSC_0474

 

На помош од Куманово заминаа еден скип, багер, два камиони, усисна пумпа за фекалии и вода, нисковлекачка приколка и возило за превоз на работници. Освен што беше донирана помошта Дамјановски оствари и средба со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски со кој извршија консултации во кој дел уште има потреба од донации.

 

DSC_0453

 

За утре Дамјановски најави дека во поплавените подрачја од Општина Куманово ќе бидат испратени и средства за дезинфекција кои ќе бидат од особена важност за санирање на настанатите штети.

DSC_0459

DSC_0461