Непознати напаѓачи го убиле градоначалникот на Котија, град во западниот дел на Мексико, 24 часа откако за првпат во историјата на земјата е избрана жена за претседател, соопштија утринава регионалните власти.
Владата на државата Мичоакан го осуди убиството на претседателката на општина Котија, Јоланда Санчез Фигуероа.
Потрагата по одговорните за убиството е во тек.
Медиумите објавија дека напаѓачите биле вооружени цивили во комбе и дека нападот бил на улица.
Во септември минатата година, Санчез Фигуероа беше жртва на киднапирање недалеку од Гвадалахара.
На изборите во Мексико за прва претседателка во историјата на таа земја беше избрана Клаудија Шајнбаум Пардо.
Кандидатот на левичарската партија Морена на изборите викендов освои речиси 60 отсто од гласовите.