Градежна офанзива во Куманово: Се уредуваат десетина улици низ градот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со летото во Куманово освен високите температури пристигна и градежна офанзива која ја спроведува општината.

Loading...

Низа улици во приградските населби и села од крајот на мај добија бекатон или нов асфалт, а во тек планот за реконструкција и одржување се предвидени и други улици.

 

 

Кон крајот на мај беа уредени улици во населбата Тромеѓа, беше асфалтирана улицата „Младен Стојановиќ“, а паралелно со тоа, бекатон беше поставен на крак од улицата „Ѓуро Пуцар Стари“ во населбата Перо Чичо.

 

Loading...

 

Заклучно со мај беа реконструирани и улиците „Доктор Рибар“ и „Драгојло Дудиќ“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

 

 

Почетокот на јуни нов асфалт донесе во селото Лопате, а бекатон пристигна за жителите од улиците „403“ и „405“ во населбата Иго Тричковиќ.

 

Loading...

 

Во првата недела од јуни беше бекаторината и улицата „Железничка“.

 

 

Изминатата недела беше асфалтирана улицата „Ацо Борозански“, беше продолжено со асфалтирање на неколку улици во селото Лопате, а бекатонски плочки беа поставени на крак од улицата „Индустриска“.

 

Loading...

 

Една од поголемите улици која ги врзува населбите Перо Чичо и Ајдучка Чешма, а која беше во многу лоша состојба, деновиве доби нова асфалтна подлога, од поштата во Перо Чичо, до самата крстосница на магистралата Куманово – Свети Николе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денот на независноста утре ќе се одбележи и во Куманово

 

 

Во меѓувреме извршено е пролетното крпење на оштетени коловози на повеќе локации во градот, проект кој ќе продолжи и во следниот период.

Loading...

Никола Ивановски