Вчера околу 10.30 часот во Полициска станица од Општа надлежност Гази Баба, вработен во Ургентен центар – Скопје пријавил дека околу 10.20 часот донесен бил повреден З.Т. (1971) од Куманово, вработен во фирмата „Профи Инжинеринг“ ДООЕЛ Куманово кои изведувале градежни работи на ул.„Ташко Караџа“, информираат од Министерсвото за внатрешни работи.
Истиот паднал од скеле од 4-ти кат на земја. По укажаната лекарска помош во Ургентен центар, бил префрлен на КАРИЛ каде од страна на доктори му биле констатирани тешки телесни повреди – фрактура на десната надколеница и повреди на главата.
Истиот е во тешка здраствена состојба, некомпактибилен и приклучен е на апарати за дишење. Увид на лице место извршиле ЕУМНА и инспектор од трудова инспекција.