Во приватна фирма во село Умин Дол, кумановско, вчера околу 11.25 часот при изведување работни задачи на кровна конструкција, И.Ѓ.(44) од Куманово паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телсни повреди.
Како што информираат од кумановската полиција, повредениот бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарска помош.
Увид извршиле екипа од СВР Куманово и инспектор за труд и заштита при работа и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

