Град во Америка повторно излегол на површина – под вода бил 60 години

Сподели со своите пријатели

Градот Рокпорт бил дел од сојузната држава Јута, основана во 1860 година.

Loading...

Бил напуштен  во 1957 година, кога владата одлучила да ја претвори оваа територија во вештачко езеро Рокпорт.

На оваа територија живееле околу 200 луѓе, чии домови биле намерно поплавени со цел да се создаде нова водена површина.

Сега, 64 години подоцна, поради екстремната суша, површината на градот повторно излегла на површина.

Девон Деви го тестирал  дронот и го искористил за да направи воздушни фотографии од остатоците од градот Рокпорт, покажувајќи стари патишта и делови од куќи.