Патнички авион кој летал од Милано за Њујорк морал принудно да слета во Рим, откако вчера по полетувањето од аеродромот Малпенса го погодило невреме со град.
Авионот, управуван од „Делта ер лајнс“, претрпел оштетувања на носот, трупот и крилата, јавуваат италијанските медиуми.
Во инцидентот нема повредени, соопшти „Делта ер лајнс“.
Тие истакнаа дека авионот слетал безбедно во Рим и дека патниците се симнале без проблем.
Вчера и денеска во Милано има екстремни временски услови – грмотевици со град со големина на тениски топчиња.
il volo #DL185 decollato da #Milano #Malpensa diretto a #NewYork Jfk è atterrato a Roma Fiumicino dopo aver dichiarato emergenza salendo in quota, una forte grandinata ha danneggiato varie componenti#meteo #avgeek #maltempo #squawk7000 #hail #aviation pic.twitter.com/00StVGX3mH
— Vola Milano Malpensa [MXP] (@VolaMalpensa) July 24, 2023
Невреме на северот на Италија и пожари на југот
Додека патувањето е отежнато од бурите на север, јужниот дел на Италија се бори со последиците од топлотниот бран и шумските пожари.
Пистата на аеродромот Олбија во Сардинија стана премногу жешка за авиони да слетаат.
Бидејќи температурите достигнаа 47 степени целзиусови, неколку влезни летови беа одложени или пренасочени кон пристаништата Алгеро и Каљари.
На Сицилија, шумски пожар вчера резултираше со затворање на аеродромот во Палермо, една недела по затворањето на главниот аеродром на островот во Катанија поради пожар.