Comfort Town е посебен станбен блок во главниот град на Украина, а необичната населба привлекува внимание поради дизајнот инспириран од Лего.
Иако е дел од Киев, поради својата изолација и специфичната архитектура, често се нарекува посебен град.
Тоа што Лего коцките не го привлекуваат само детското внимание го искористија архитектите Дмитро Васиљев, Александар Попов, Олга Алфјорова од источноевропската компанија Архиматика.
Тие пронашле инспирација во шарени градежни блокови за проектот Comfort Town, станбен блок во Киев, Украина.
За реализација на проектот биле потребни 11 години, но градот е благодарен бидејќи областа порано била прилично незабележлива индустриска зона.
Кога го презеле проектот, целта на архитектонското биро била да ја развие областа среде прометниот украински град во прекрасен станбен блок кој, пред сè, може да се продаде – дури и во време на криза.
Архитектите имале слобода во одлуките поврзани со трансформацијата на областа во место каде што луѓето навистина би сакале да живеат, па затоа не е чудно што тимот изградил нешто што изгледа како град на Лего коцки.