Готвач изгубил 133 килограми за една година откако пријател секој ден му ја праќал оваа порака…

Сподели со своите пријатели

Готвачот Џејми Брукс од Англија изгубил 133 килограми за само 12 месеци откако неговиот пријател му праќал пораки „дебела свињо“ секој ден во текот на шест недели, пренесува Tastebud.

Loading...

– Ми требаа цели шест недели да ме мотивирам да направам нешто, но многу ми е драго што го направив тоа. Мојот пријател Нил ми го спаси животот. Не можам доволно да му се заблагодарам – рече тој.

Нил исто така го предупредил, велејќи: „Ќе те нема кога ќе имаш 40 години“.

Претерано јадел храна на работа, се залевал сè со слатки пијалаци

Тој ги натрупал килограмите и се изложил на сериозен ризик од голем број здравствени проблеми, напиша Express.co.uk пред шест години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не прислушкуваат ли телефоните? Направете го овој тест и ќе го добиете одговорот!

Тој морак да купи облека 7XL од специјализиран добавувач и се откажал од наоѓање љубов.

Решил да ослабе откако неговиот пријател, возачот на комбе Нил Вилијамсон, со недели го бомбардирал со дневни пораки.

Џејми потоа тргна на неверојатно „патување за слабеење“. Тој го намалил својот внес на калории на помалку од 1.000 калории дневно и го засилил режимот на вежбање.

Во првите два месеци тој се ограничил на 640 калории дневно, што го советувале експертите.

Loading...

За појадок јадел каша и шејкови, а вечерите му биле полесни оброци.

Тежината набрзо почнала да се намалува, а по два месеци Џејми го зголемил внесот на калории меѓу 800 и 1000.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неуралинк во Канада доби дозвола да имплантира мозочни чип кај пациенти

Откако си направил пауза од поголемиот внес на калории, тој паднал на 640 уште два месеци.

По една година, Џејми изгубил неверојатни 133 килограми, повеќе од половина од неговата телесна тежина.

Неговата самодоверба растела, а љубовта ја нашол со својата партнерка Мелани.

– Како дете станував сè поголем и поголем, никогаш не сум бил слаб. Со хумор би се борел со незгодноста. Јас бев веселиот дебел човек од општеството – рече тој.

Додаде дека после се станал како нов човек.

 

Loading...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tastebud by LAOC Eats (@tastebud)