Горила и два лавови од зоолошката градина во Прага се позитивни на ковид-19, изјави директорот на таа зоолошка градина, која не работи затоа што земјата има воспоставени мерки.
„Лавовите Џамван и Суши и горилата Ричард денес се позитивни на ковид-19. Нивните симптоми се благи, кашлаат, а Ричард е уморен и го изгуби апетитот“, напиша директорот на зоолошката градина, Мирослав Бобек, на својот Фејсбук профил, пренесува денес агенцијата Хина.
Директорот додаде дека животните најверојатно биле заразени од персоналот и дека другите животни ќе бидат тестирани.
Од зоолошката градина во Прага, биле во контакт со луѓе од други зоолошки градини кои регистрирале случаи на ковида-19.
Чешка се соочува со ново зголемување на бројот на случаи на инфекција со коронавирус, а стапката на инфекција по глава на жител е меѓу највисоките во светот.
Во јануари, група горили во сафари парк во зоолошка градина во Сан Диего, САД, беше заразена со ковид-19.