Пожар од поголеми размери ги има зафатени шумските предели во липковските села Лојане и Ваксинце информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според пријавата што ја добиле вчера горат сува трева и нискостеблеста шума, а пожарот е на непристапен терен за моторни возила.
Во утринските часови дејствувале вработени од Шумско стопанство кои рачно се обидувале да го изгаснат огнот, но во текот на денот се повлекле.
– Во 20:20 часот стапивме во конткат со ШС Куманово која не извести дека нивната екипа до 13:00 часот делувала на терен и потоа се повлекле од гаснењето, велат од РЦУК.
Пожарот, велат оттаму, е од поголем размер и неможе да се изгасне, па потребана е помош од други институции.
За настанот биле известени Раководителот на Дирекцијата за заштита и спасување од Куманово, Општина Липково, како и дежурниот од ТППЕ Куманово.
Кумановските пожарникари под чија надлежност е и територијата на липковско, не учествуваат во гаснењето оти не можат да пристапат поради конфигурацијата на теренот.
Овој предел според информациите гори веќе трет ден.
Никола Ивановски