„Гори“- нов летен хит на Тајзи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели


„Гори“  е прва од неколкуте песни кои ќе ги чуеме оваа година од Тајзи, повторно во соработка со Балкатон продукција на Раста. Песната  е на македонски јазик и  како и секогаш е нешто различно и автентично од нашиот артист Драган Величковски Тајзи .Последно нешто од овој тим беше „Пабло“, песна која  беше  вистински хит изминатата година и вртеше по радио станиците и клубовите низ целиот Балкан.

Loading...

„Гори“ е снимена во студиото на  еден од  најдобарите  продуценти  во Македонија , Лазар Цветковски  кој   беше награден со Златна Бубамара на популарноста за 2018 година , автор на многу хитови на наши артисти  како  и на  балкански музички ѕвезди. Тој е дел  и од овогодинашниот евровиски тим на Тамара кој не претставуваше во Израел.

 Музиката  и текстот се  на Тајзи, а аранжманот и мастерот на Лазар.
Спотот е во режија на Даниел Јовески , наградуван режисер, кој застанува рамо до рамо со најдобрите режисери во регионот.


„Целиот склоп на луѓе и енергии во проектот дава една убава хармонија и заразен ритам кој те тера да ја пуштиш  повторно.
Спотот повторно изгледа како да не е снимен во нашата земја, а во него покрај убавите локации, можеме да видиме неколку преубави Македонки како и  жонглерската група  од  Битола – Acid Triple“- вели Тајзи.
Наскоро од Тајзи може да очекуваме уште една песна на српски јазик La Bonboniera за која ќе се снима спот во  Белград , кој ќе го работи Владимир Бјелобаба  од  Балкатон продукција.

Leave a Reply