Гувернерот на руската област Рјазан објави дека украински дронови рано утринава извршиле масовен напад врз нафтена рафинерија во тој град, предизвикувајќи голем пожар.
Рафинеријата се наоѓа на само 190 километри од Москва, според описот на снимката од експлозијата објавена на социјалната мрежа X.
Според Киев Индипендент, пожарот избувнал по масовниот напад со беспилотни летала на неколку региони.
An explosion, reportedly carried out by #Ukraine, has struck an oil refinery in Ryazan, #Russia, located 190 km southeast of #Moscow, raising concerns for the region’s industrial center.#CHANNEL8 pic.twitter.com/0ZGNW41JYJ
— Channel 8 English (@Channel8English) January 24, 2025
Според руското Министерство за одбрана, системи за противвоздушна одбрана пресретнале и 49 ддронови низ регионите Курск, Брјанск, Белгород, како и во окупираниот Крим.
Шефот на Центарот за борба против дезинформации на Советот за национална безбедност и одбрана, Андреј Коваленко, изјави дека рафинеријата за нафта Рјазан е еден од клучните капацитети на руската нафтена индустрија, иако е под санкции.
„Рафинеријата игра важна улога во снабдувањето со гориво и за цивилните и за воено-индустриските комплекси на Русија“, рече тој на Телеграм.
Нападот доаѓа во време на пораст на операциите на украинските беспилотни летала насочени кон руската енергетска инфраструктура.
Russia suffered the most massive drone attack since the beginning of this year. In Ryazan, an oil refinery and a thermal power plant burned epically, and in Bryansk, a factory producing electronics for military equipment. pic.twitter.com/pt3MOUqIOF
— NEXTA (@nexta_tv) January 24, 2025