Гори една од најголемите рафинерии во Русија: Кружат ужасни снимки (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пожар избувна во една од најголемите рафинерии во Русија, во Јарослав. Украински извори објавија снимки на социјалните мрежи и тврдат дека рафинеријата била погодена од напад со дрон.

Гувернерот на регионот Михаил Јевраев потврди дека избувнал пожар во рускиот Јарославски регион, но ја исклучи можноста за непријателски напад како причина и рече дека станува збор за „технички дефект“.

 

 

„Жителите се загрижени дека тоа би можело да биде резултат на напад од непријателски дрон. Но, она што се случи нема никаква врска со тоа… Пожарот е од техничка природа“, рече Јевраев на Телеграм, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Преведувачот на Путин ги откри тајните на работата: Една грешка може да предизвика скандал!

Рафинеријата се наоѓа околу 250 километри североисточно од Москва и околу 700 километри од границата со Украина.

 

 

Рафинеријата за нафта Јарослав, позната и како Славнефт-ЈАНОС, е голема руска рафинерија за нафта лоцирана во градот Јарослав и е дел од руската компанија Славнефт.

Рафинеријата преработува сурова нафта во широк спектар на нафтени производи, вклучувајќи бензин, дизел гориво, гориво за авиони и масла.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ подготвува 140 милијарди за Украина? Планот за е Финска генијален, за Белгија проблематичен

Таа е една од најголемите рафинерии за нафта во Русија, со годишен капацитет за рафинирање од над 15 милиони тони, и беше цел на обид за напад со беспилотни летала.