Горан Спасиќ кандидат за градоначалник на Српската партија во Старо Нагоричане
On:
Сподели со своите пријатели
Коалициските партнери СДСМ и Спрската партија во Македонија ќе се борат меѓусебно за градоначалничкото место во Општина Старо Нагоричане.
Горан Спасиќ е кандидатот со кој Српската партија ќе ја бара довербата од граѓаните на општината Старо Нагоричане, а ова на социјалната мрежа „Фејсбук“ го објави заменик министерот Власта Димковиќ.
Српската партија во Македонија, Општински одбро Старо Нагоричане на последната седница за кандидат на градоначалник на општината Старо Нагориане со мнозинство од гласовите го избра Горан Спасиќ на претстојните локални избори во Република Македонија – стои во фејсбук објавата потпишата од Димковиќ.
Спроти него ќе се најде Жаклина Јовановска од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Таа е првото кандидатско име кое го објави партијата, а и самата исто така се пофали на социјалните мрежи.
Од партиите засега молк, нема официјално сооштение. На центарлнот ниво тие се во заедничка коалиција во Владата на Република Македонија, но не успеале да пронајдат заеднички јазик за кандидатот во оваа општина во која живее голем процент спрско население.
Дали пукна тиквата и ќе се нарушат односите помеѓу двете партии засега останува непознато. А непознато е и името со кое довербата од граѓаните ќе го побара ВМРО-ДПМНЕ.