Google Earth случајно откри строго чуван американски воен проект

Сподели со своите пријатели

Сателитските снимки од Google Earth станаа вирални откако го снимија еден од најстрого чуваните американски воени проекти – подводниот дрон Manta Ray.

Loading...

Бродот обично се користи за откривање на подводни закани и е дизајниран од корпорацијата Northrop Grunman.

Футуристичкиот подводен дрон на компанијата е дел од проектот на американската морнарица за развој на нова класа на подводни дронови кои се опремени со капацитет за извршување подолги мисии, пишува британски Дејли Мејл.

Леталото е дизајнирано да се движи низ океанот без човечки надзор или потреба од полнење гориво, а има и можност да хибернира на морското дно.

Да кажеме и дека ова е првиот ваков дрон во новата класа на беспилотни подводни возила со долг рок на траење, долг дострел и независност, кои извршуваат сложени воени операции без човечка интервенција.

 

 

Loading...

До неодамна, неговиот пионерски дизајн се чуваше во строга тајна.

Но, кога беше пуштен на море на тестирање и беше снимен на Google Earth во текот на викендот, корисниците на интернет брзо го забележаа тајното оружје на Америка во форма на беспилотно летало.

Интернетот памети, а фотографиите се проширија со молскавична брзина.

Инаку, компанијата Northrop Grunman во февруари и март годинава објави дека се завршени тестовите на Manti Ray.

Некои одбранбени аналитичари шпекулираат дека американската морнарица сака да развие беспилотно летало способно да извршува долги мисии за пребарување на руски и кинески подморници во морињата, пренесува Јутарњи.хр.

Во меѓувреме, многу корисници на интернет, забележува Дејли Мејл, тврдат дека сателитските снимки на Манта Реј оттогаш биле отстранети и заменети со чамци.

 

Loading...