Сосема неочекувано, новиот музички спот на раперот Лил Накс Х за песната „Industry Baby“ предизвика различни реакции во јавноста, особено поради голите, хомоеротични сцени под туш. Дали го добивме најконтроверзното видео од 2021 година?
Според магазинот „Variety“, спотот за песната повторно се провлекува низ затворската тема, и тоа е нешто на што раперот се посветил во изминатиот период.
На видеото се појавува и голиот рапер Џек Харлоу, со кого Нас сними дует, но кој е во романтична врска со полицајка во ќелија.
Харлоу се пошегува дека би бил многу среќен да ја соблече долната облека и да се приклучи на сцената под туш.
„Ако Нас, кој го режираше видеото, ме замоли да бидам под туш, јас би бил многу среќен да го сторам тоа“, напиша тој на Твитер.
Реакциите во јавноста се различни. Додека некои се воодушевени, други сметаат дека видеото е премногу експлицитно.