„Голф“ изгоре пред мотел во кумановско Проевце

Сподели со своите пријатели

Рано утринава во 05.10 часот на паркинг-просторот пред мотелот во село Проевце, кумановско, избувнал пожар во патничко моторно возило марка „Фолксваген Голф“ со албански регистарски ознаки, сопственост и управувано од Р.Х. (26) од Тирана, Република Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пожарот настанал неколку минути откако го паркирал возилотот. Во пожарот возилото целосно изгорело.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

фото: архива