ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ: Белите дробови не служат само за дишење (видео)

Сподели со своите пријатели

Научниците откриле дека белите дробови не служат само за дишење, аизвештајот за нивната помалку позната улога е објавен во магазинот „Nature“.

Експертиод Универзитетот во Каливорнија ги изучувале белите дробови кај глувците и откриле дека тие произведуваат околу половина од тромбоцитите, крвните зрнца клуи за згрутчување, односно коагулација на крвта.

Долго се претпоставувало дека поголемиот дел, ако не и сите тромбоцити се произведуваат во коскената ср’ж, а дека само еден дел се произведува во белите дробови. Меѓутоа, научниците сфатиле дека значењето на белите дробови во производството на тромбоцити е потценето и дури откриле дека тие се резервоар на хематопоетски матични клетки кои помагаат кога залигите на тромбоцити во коскената ср’ж ќе се намалат.

Ова откритие ни нуди многу пософистициран увид во овој орган – белите дробови не служат само за дишење, туку учествуваат и во формирањето на клучната компонента на крвта. Она што го запознавме кај глувците, најверојатно важи и за луѓето – вели Марк Луни, еден од авторите на истражувањето.

Доколку тоа е точно, истражувачите сметаат дека ќе се пронајде подобар начин за лечење на болести на крвта, но и дека ќе се зголеми успешноста во трансплантацијата белите дробови.

Loading...