Подигањето на лесни тежини може да има подеднакви предности, тврдат научниците.
Ако сакате да бидете поголеми, мора да кревате поголеми тежини – така барем отсекогаш се мислело. Но, тренингот со помало оптеретување исто така може да помогне во градењето на сила и мускулна маса, потврдува и мета-анализата од 13 студии, објавени во списанието Sports Medicine.
Имено, луѓето кои изведувале вежби кои биле помалку од 60% од нивниот максимум во едно повторување, забележале зголемување на мускулите еквивалентно на луѓето кои кревале големи тежини во период од 6 недели, објаснува авторот на студијата др. Brad Schoenfeld.
Ова е изненадувачко откритие за кое фитнес експертите велат дека големиот број на повторувања со лесни тежини влијае на бавните мускулни влакна – а со тоа и на издржливоста, а подигнувањето на големи тежини експлозивно влијае на растењето на брзите мускулните влакна.
Но, што точно се случува? Schoenfeld не може со сигурно да тврди, но верува дека испитаниците ја зголемиле својата мускулна маса поради тоа што биле подолго време под оптеретување. Поради тоа, мажите кои не можат да подигаат големи тежини, сè уште можат да ја зголемат мускулната маса исто како оние кои креваат повеќе.
Иако вежбате со големи тежини, понекогаш сменете го тоа – на тој начин ќе го зголемите мускулниот потенцијал, истовремено стимулирајќи ги и бавните и брзи мускулни влакна.
Освен тоа, лесните тежини помалку ги оптеретуваат зглобовите и тетивите, а со тоа се намалу и ризикот од повреди.
Schoenfeld предлага тренирање со лесни тежини еднаш во неделата или на секои две недели.