Од древните Египќани и европските Хабзурговци до „напредните“ држави од САД, каде инцестот законски е дозволен – докази колку таквите сексуални врски се погубни за потомството има на претек. Меѓутоа, изгледа дека и самите не биле свесни или едноставно на мареле, водејќи се од онаа „се останува во семејството“.
Династијата Хабзбург
Хабзбурзите биле најмоќната династија во средновековниот период и ренесасната во Европа. Тоа семејство владеело со векови и имало контрола над Швајцарија, Австрија, Унгарија, Италија, Франција, Шпанија и Хрватска од 12. век. До 17. век успеале да се прошират на Филипини и Америка. Сепак нивното успешно владеење доживеало драматичен крај поврзан со бројни случаи на лудило поради инцестоидни односи, од кои добивале потомци. Набзбурговци станале познати по испапчените усни и високиот процент на мртвородени деца.
Loading...
До времето кога Карлос Втори од Шпанија починал во 1700. година, никој не бил во состојба да обезбеди престолонаследник на државата. За време на своето владеење, Хабзбурговци најмалку 80 отсто од браковите ги склучувале со блиски крвни сродници.
Кралот Карлос Втори е несреќен пример за инцест, затоа што очигледно бил деформиран и имал хексагонална глава, поради која го добил прекарот „El Hechizado“. Целиот живот бил со лошо здравје, а починал пред да наполни 40 години, што била директна последица на родосквернавењето поради рецесивните штетни гени кои се исти кај двајцата родители.
Генетската анализа покажала дека, пред Карлос, семејството меѓусебно се „вркстувало“ барем 100 години наназад. Како резултат на тоа, карлоз бил низок следе недостаток на хормон за раст, имал тешка ренална тубуларна ацидоза, а ниту психичката состојба не му била добра.
Принц Алексеј Николајевич од Русија
Едно од најпознатите последици на кралското родосквернавење била хемофилијата на царството на Алексеј, кој хемофилијата ја наследил од својата мајка, која била внука на кралицата Викторија. Татко му била Никола, последниот руски цар, а целото негово семејство било убиено во 1918 година.
Некои веруваат дека „лудиот свештеник“ Распучин е еден од главните виновници за избивање на револуцијата, а семејството го довело за да ја лечи хемофилијата на Алексеј. Откако успешно стекнал контрола над нив, целото семејство паднало под негово влијание па наскоро делел и политички совети. Резултатот била гневната руска јавност.
Принцеза Викторија Мелита
Уште еден познат пример на инцест и деца од истиот кои се поврзани со кралицата Викторија, е принцезата Викторија Мелита. Таа всушност се омажила за двајца свои први роднини, а била правнука на кралицата Викторија.
Loading...
Мелита првин се омажила за својот роднина Ернес Луис, надвојвода од Хесен. Тие добиле мртвородено дете, а потоа и ќерка која преживала,а но бракот бил осуден на пропаст уште од самиот почеток. Парот се развел откако Мелите својот сопруг го фатила во кревет со машки слуга, што предизвикало голем скандал и караница. Потоа и официјално ставиле крај на бракот, а Мелита на крајот се омажила за својата прва љубов и првиот внук од страна на својата мајка, Кирил Владимирович.
Родосквернавење кај египетските владетели
Многу пред кралицата Викторија и кралските династии како Хабзбург, членовите на египетските владетелски семејства исто така се женеле со роднини од двете страни. Тоа не се сметало како нешто лошо, дури од нив се очекувале да се женат со блиски роднини, а тоа било толку често што античките Грци тој феномен го опишале со терминот philadelphoi, како прекар за сите оние кои се венчале за сопствен брат или сестра.
Египетските семејства од секоја династија практикувале инцест, браќата кои женат сестри – озогласени „двојни роднини“, биле мажите кои се женеле со девојки чии родители биле негов брат или сестра. Таа пракса требало да ја одржи крвната лоза чиста, што птекнува од митологијата за богот Озирис кој се оженил со својата сестра Изида.
Тутанкамон и Клеопатра
Еден од најпознатите плодови на родосвкернавењето бил фараонот Тутанкамон, чии родители биле брат и сестра. Тутанкамон имал тежок расцеп на непцето и проблеми со стапалата во кои му недостасувале неколку коски.
И Клеопатра била продукт на инцест, а подоцна се омажила за своите двајца браќа. Гојазноста била честа во семејството на Клеопатра, како што било и екстремното насислтво. Самата Клеопатра така ги убила своите браќа – мажи, за да дојде до моќта.
Елизабета од Баварија
Во нејзиното семејство чест случај на родосквернавење бил пворзан со менталните пореметувања. Всушност, таа отворено верувала дека нејзината лоза е „проколната“ со лудило.
Нејзината мајка, која била во брак со свој внук, била едно од 13те деца на принцот Максимилијан од Баварија. Елизабета се омажила за Франц Јозеф, а имала катастрофален брак со многу лоши психички епизоди и екстремни тегоби, опседнатост со тежина и исхрана. На крајот доживеала нервен слом.
Нахиенаена од Хаваи
Со изолираниот остров Хаваи некогаш владеела моќна династија која не само што практикувала инцест, туку таму тоа се сметало како привилегија на владетелите. Еден од најпознатите тамошни примери е принцезата Нахиенаена која била во романтична врска со својот брат во текот на целото свое дество. Меѓутоа, во тоа време на островот дошле христијански мисионери кои принцезата ја наговориле на пронајде друг маж – што таа и сторила, иако љубовната врска и покрај брачните партнери, продолжиле да ја одржуваат целиот свој живот.
Loading...