Големи проблеми со мобилната телефонија и интернетот во Канада

Сподели со своите пријатели

Најголемиот канадски оператор за мобилни телефони и интернет провајдер „Роџерс комуникации“ се соочува со големи оперативни проблеми кои се одразиле на работата на банкоматите и Службите за итни случаи.

Loading...

Работата на канадската администрација е попречена и од проблемот „Роџерс комуникации“. Од компанијата најавија дека забрзано работат на отстранување на проблемот.

Не се знае која е причината за тешката работа, која е уште една слична во изминатите 15 месеци.

Според податоците на компанијата „Нетблок“ за следење на работата на светската мрежа, од вчераутро протокот паднал на 75 отсто од вообичаеното ниво.

Rogers Communications има приближно 11 милиони корисници на мобилни телефони во Канада.

Од полицијата велат дека некои корисници на мобилни телефони се соочуваат со проблем при јавувањето на итната помош, но велат да останат упорни или да се јавуваат од фиксен телефон.

Проблеми поради отежнатото работење на мобилната телефонија и интернетот имаат и судските сали, канцелариите за издавање исправи и системот за наплата на патиштата.