Бакнежот во чело е многу поинтимен отколку што многумина мислат. Кога некој ќе ве бакне во чело, знајте дека вие заземате многу посебно место во неговото срце.
Бакнежите во чело се вообичаени со пријателите, паровите, родителите, но можеме со сигурност да кажеме дека значат многу повеќе од кој било друг бакнеж.
Еве зошто!
Ваков бакнеж може да добиете од вашиот пријател кога сте под стрес, а тој сака да ве утеши. Но, ако вака ве бакне личност која претходно ве сакала на поинтимен начин, тоа значи дека вашата врска станува посериозна.
Исто така, бакнежот на челото од страна на партнерот вели дека тој сака да се грижи за вас, да ве заштити. Со бакнеж во чело, мажот / жената ви кажува дека се грижи за вас, дека сака да споделува простор со вас, дека вие многу и значите.
Тие укажуваат на многу длабока емотивна врска, а значат и благодарност и почит!
Бакнежот во чело е исто така знак на обожавање – да бакнувате некого во чело е како да кажете: „убава си“ или „те обожавам“.
Ви дава до знаење дека му се допаѓате на личноста која ве бакнува во чело, особено на јавни места ако не сака тоа да биде премногу очигледно.
Тој тивко ви вели: „Те сакам“.
Исто така, ви покажува дека сте во мислите на лицето кое го дава бакнежот.
Тоа е исто како да ја сакате својата душа – нашето чело ја претставува третата чакра која е центар на предвидливост и интуиција.