Голема воена вежба на Јапонија, Јужна Кореја и САД во Источното Кинеско Море

Сподели со своите пријатели

Јапонија, Јужна Кореја и САД денеска почнаа заедничка воена вежба во Источното Кинеско Море и неговата околина, со учество на американски носачи на авиони и јужнокорејски и јапонски борбени авиони и бродови, соопшти јапонската војска.

Loading...

Вежбата Freedom Edge се одржува по втор пат, откако во јуни беа одржани големи воени маневри под ова име и има за цел да ја демонстрира „силната волја“ на трите земји во одбраната на регионот, истовремено промовирајќи ја нивната интероперабилност во воздухушен, поморскиот и сајбер-доменот, објави Генералштабот на јапонската армија, пренесува Kyodo.

Планирано е вежбата да трае три или четири дена, изјави јапонски воен претставник.

Во маневрите ќе учествуваат американскиот носач на авиони на нуклеарен погон Џорџ Вашингтон, уништувачот Хагуро на јапонската морнарица, како и борбени авиони од трите земји, вклучително и најсовремениот F-35A од Јужна Кореја, според соопштение од јапонската војска.

САД, Јужна Кореја и Јапонија ја зајакнаа одбранбената соработка во последниве години поради заканите од Северна Кореја и кинеската активност во регионот, наведува јапонската агенција.

Вежбата Freedom Edge беше осмислена на самитот на трите земји во Кемп Дејвид минатата година за да се зајакне воената соработка во услови на тензии на Корејскиот полуостров поврзани со тестирањата на оружје на Северна Кореја.

Кон крајот на октомври, Северна Кореја тестираше интерконтинентална балистичка ракета која леташе речиси 86 минути, што е најдолгиот регистриран ракетен лет на Пјонгјанг досега, истакна јапонското Министерство за одбрана.

Помалку од една недела по неговото лансирање и непосредно пред претседателските избори во САД на 5 ноември, Пјонгјанг исто така истрела повеќе балистички ракети со краток дострел, пишува Кјодо.

Loading...