Денес во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од утре до понеделник нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност и ќе има позначителна промена на времето.
Ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m2), проследени со грмежи и засилен ветер.
Дневната температура ќе опадне за 8 до 10 степени во однос на денешната.
Никола Ивановски