Голема полициска акција е во тек во Лојане, кумановско и скопско.
Loading...
Канал пет повикувајки се на изјава од граѓани пренесе дека акцијата ја спроведуваат специјалните единици на МВР, а полициските хеликоптери од рано наутро го постојано надлетуваат.
Според сознанијата на Канал пет, уапсена е поголема група на криумчари на мигранти, а акцијата уште трае.
Повеќе детали се очекуваат на прес конференцијата на портпаролот на МВР Тони Ангеловски закажана за во 13:30 часот.