Голема меѓународна акција против нелегални стриминг услуги

Сподели со своите пријатели

Неколку полициски служби во заедничка меѓународна акција запленија неколку услуги за нелегално реемитување на телевизиски програми преку интернет.

Истрагата започнала во 2024 година, по успешната меѓународна операција што открила широко распространета инфраструктура што нудела програми кои се емитувале во живо и на барање на милиони корисници ширум светот, а биле заштитени со авторски права.

„Истрагите за нелегалните услуги започнаа откако беа запленети големи количини на податоци за време на меѓународната операција „Taken Down“. Со анализа на податоците, сообраќајот и мрежите што ги користат нелегалните услуги за стриминг, како и со следење на трансакциите со криптовалути, беше идентификувана меѓународна криминална група зад оваа операција“, се вели во соопштението на Евроџаст.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Авганистанец силувал девојче (12) во Британија: „Мислев дека има 24 години. Не обрнав премногу внимание“

Вкупно 31 лице се осомничени за вмешаност во нелегални активности, вклучително и неовластена дистрибуција на платени ТВ канали, нелегален пристап до ИТ системи, компјутерски измами и перење пари.

„Со растот на нивната добивка, групата ги проширила своите операции и почнала да нуди нелегални услуги на глобално ниво. За да го прикријат нелегалниот приход, кој изнесуваше неколку милиони евра месечно, осомничените переле пари преку инвестиции во криптовалути и фиктивни компании“, соопшти Евроџаст.

Полициски операции беа спроведени истовремено во седум земји – Италија, Романија, Шпанија, Косово, Обединетото Кралство, Канада и Јужна Кореја – со поддршка на Европол и Евроџаст.

Во Италија беа запленети три добро познати нелегални IPTV платформи, додека во Романија беше затворен еден од најголемите глобални дистрибутери на IPTV, кој дистрибуираше содржина преку сервери во таа земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордни 96,8 милиони туристи ја посетија Шпанија во 2025 година, најпопуларна е Каталонија