Голем пожар избувна во шкотскиот град Глазгов во неделата навечер, предизвикувајќи уривање на историска зграда.
Пожарот започнал во продавница на улицата Јунион, а потоа се проширил на зградите во близина на железничката станица Глазгов Централ, објави весникот „Хералд“.
Зградата од викторијанската ера во комплексот околу железничката станица се урна откако пожарот се проширил.
До понеделник наутро, пожарот не бил целосно изгаснат и противпожарните екипи сè уште биле на местото на настанот.
Властите соопштија дека железничката станица ќе остане затворена до понатамошно известување.

