Голем пожар во атарот на селото Руѓинце

Сподели со своите пријатели

Цели шест часа кумановските пожарникари интервенирале во гаснење на голем пожар кој избувнал во атарот на селото Руѓинце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Пожарот избил некаде пред 13 часот кога, а во него изгорела површина од околу 15 хектари сува трева, нискостеблеста вегетација, садници и овошни насади. Во неговото гаснење учествувале тројца пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово со едно противпожарно возило заедно со исто толкав број колеги од Старо Нагоричане, а им помагале и тројца мештани од селото.

Во пожарот нема повредени лица, ниту пак опожарени куќи и други објекти.

Тоа сепак не била единствената интервенција за кумовските пожарникари. Вчера 10 минути по полноќ изгаснале и запален контејнер во близина на Спомен Костурница. Тројца пожарникари огнот го ликвидирале во 00:49 часот.

Сува трева горела во атарот на Агино село. Таму тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале од 19:00 до 20:30 часот.

фото: архива