Голем шумски пожар што избувна во градот Тарифа, во шпанската покраина Кадиз (Андалузија), е сè уште активен, а огнената стихија досега ги принуди властите да евакуираат повеќе од 5.000 возила и голем број туристи и локални жители.
11 единици пожарникари, шест противпожарни возила, четири оперативни техничари, двајца инспектори за животна средина и шест дополнителни противпожарни цистерни се вклучени во гаснењето на пожарот, пишува денес Радио-телевизија на Шпанија.
Министерот за претседателство на регионалната влада на Андалузија, Антонио Санц, потврди од кризниот штаб дека спортската сала Ла Марина и младинскиот центар Интерховен, кој има 40 дополнителни кревети за привремено сместување, се привремено отворени за евакуирани лица.
Сообраќајот на делницата од автопатот N-340, кој беше затворен вчера попладне помеѓу километрите 71 и 80 во двата правци, денес беше делумно обновен, но пристапот до споредните патишта и пристапните патишта што водат до евакуираните куќи, хотели и кампови е сè уште строго забранет.
„Поради сложената ситуација, моравме да го отвориме патот за проток на сообраќај, но не можеме да дозволиме враќање кон објектите во погодената зона“, рече Санц.
Во меѓувреме, пожарите се уште се активни во покраината А Коруња во северозападна Шпанија, кои досега зафатија околу 110 хектари.
Fire 🔥 in La Peña, South Spain again, with strong levante winds. Looks like a Caravan exploded in a camping and then the fire extended quickly.@Plan_INFOCA #IFTarifa@E112Andalucia pic.twitter.com/Ro9u59f41u
— Bjorn Dunkel (@bjorndunkel) August 5, 2025