Со голем концерт на српската музичка група Милиграм вчеверавечер на градскиот плоштад се дочека Денот на ослободувањето на Куманово.
Loading...
Голем број граѓани и покрај ниските температури излегоа на градскиот плоштад и уживаа во повеќечасовната забава со музика за сечиј вкус. И покрај здравствените проблеми на фронтменот на групата сепак се помина во најдобар ред, а забава траеше до доцна во ноќта.
Морам да кажам дека едвај чекав да дојдам во Македонија, во Куманово никогаш не сме били, можам да ветам одлична свирка и луда забава. Единствено што јас дојдов под една голема вироза, така да ако не успеам до крај да издржам на концертот, се извинувам однапред на публиката, но мислам дека ќе дадеме се од себе да го одбележиме празникот – изјави Александар Милиќ – Мили, фронтмен на групата „Милиграм“.
Во своето обраќање градоначалникот на Куманово истакна дека како и секоја година така и оваа општината се потрудила на најдобар можен начин да ги разубави деновит ена градот и да приреди одлична забава за сите генерации.
Loading...
По обраќањето на првиот човек на градот, следуваше и традиционалниот спектакуларен шестминутен огномет.